social image

Типови и состојби на кожа

Типови на кожа


Постојат четири основни типови на кожа, а секој од нив има свои карактеристики и потреби.

Еве ги видовите на кожа:

  1. Нормална кожа
    • Балансирана кожа со добар однос помеѓу маснотии и хидратација. • Пори се ситни и едвај видливи. • Ретко се јавуваат акни или други проблеми. • Нема изразена сувост или маснотија.
  2. Масна кожа
    • На прв поглед изгледа сјајно, особено во Т-зоната (чело, нос и брада) • Порите се проширени и често се забележуваат акни, црнки или митесери. • Потребна е редовна и нежна нега за контрола на маснотијата.
  3. Сува кожа
    • Недостаток на природни масла (себум), што ја прави кожата затегната и сува. • Често има лушпести делови, фини линии и чувство на затегнатост. • Потребна е длабока хидратација и нежна нега.
  4. Комбинирана кожа
    • Комбинација од суви и мрсни делови. • Т-зоната (чело, нос, брада) е мрсна, додека останатите делови (образи) може да бидат нормални или суви. • Потребна е специфична нега за различни зони на лицето.

 

Состојби на кожа

Без разлика дали имате масна, сува, комбинирана или нормална; односно без разлика на типот на кожа, состојбата може да се менува.

Различни состојби на кожа се:

  1. Акни: Појава на митесери, акни и воспаленија; предизвикани од хормони или бактерии.
  2. Дехидрирана кожа: Недостаток на вода; затегнатост и фини линии.
  3. Хиперпигментација: Темни дамки поради сонце или хормони.
  4. Чувствителна кожа: Црвенило и иритација од надворешни фактори.
  5. Розацеа: Хронично црвенило и проширени капилари.
  6. Екзема: Сува, перутава и воспалена кожа.
  7. Псоријаза: Црвени дамки со лушпи, предизвикани од имунолошки нарушувања.
  8. Купероза: Видливи капилари на лицето.
  9. Прерано стареење: Брчки и губење на еластичноста.
  10. Инфекции: Бактериски, габични или вирусни промени.


***Сите состојби поединечно ќе ги објаснам преку посебни статии наменети за нив.

Категории

Пребарување

Најнови статии